15146640_10154135770916173_121617273_o

Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје со цел промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот и промоција на лабораториите во високо-образовните институции го организираат натпреварот „Паметна автобуска постојка“  во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ),  Машинскиот факултет од Скопје и УНДП кои ја поддржуваат лабораторијата за социјални иновации на ФИНКИ и го поддржуваат Град Скопје во воведувањето на иновации во јавниот сектор преку вклучување на заедницата во изнаоѓање на решенија со цел подобрување на јавните услуги.

На натпреварот „Паметна автобуска постојка“ се изработува паметно, иновативно решение за автобуската постојка на ул. Димитрие Чуповски бб (Рекорд-Центар). Учествуваат 5 тимови составени од различни профили на учесници.

Овој период во тек се менторските сесии на кои учесниците имаат можност да го подобрат своето решение, но и дополнително да се консултираат со со менторите со цел  подобрување на моменталната автобуска постојка. До сега се одржаа 2 менторски сесии. Првата во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, а втората се одржа во просториите на Машински Факултет-Скопје каде што беше и презентирана лабораторијата со 3Д принтерот и начинот на кој може да го користат учесниците со цел изработка на 3Д макетата.

Учесниците за финализирање на идејното решение ќе ги имаат на располагање двете лаборатории со 3Д принтери, односно на Машински Факултет- Скопје и на ФИНКИ, а презентацијата на решенијата ќе се одржи на 3 декември, за кое јавноста дополнително ќе биде известена.

Претходна статијаApple ќе ги замени батериите на одредени iPhone 6s модели – нашите корисници може да се обратат во iStyle
Следна статијаIntel Knights Mill Xeon Phi е нов чип за „Вештачка Интелигенција“