Screenshot 2014-02-18 11.21.14

Компанијата за производство на индустриски роботи KUKA, односно роботи кои што се користат на лентите за составување, за преместување на товар и слично, планира да ја отвори својата прва фабрика во Кина. KUKA е германска компанија која што има свои фабрики и претставништва во повеќе земји во светот, а првата фабрика во Кина ќе ја отвори во Шангај на 11 Март оваа година.

За да го одбележи ова отворање од компанијата имаат испланирано специјален настан на кој што еден од нивните роботи за кои што велат дека е најбрз во светот ќе се натпреварува во пинг-понг со моментално најдобриот играч во германската лига, Timo Boll.  Моделот на роботот KR Agilus е во форма на рака, односно не се работи за оние роботи направени во форма на човек. Овој модел не е првпат да биде претставен во интересна улога, па истиот беше претставен и во улога на цртање на одредени 3D слики.

За овој настан од компанијата имаат направено посебна веб страна на која што е поставен одбројувач до денот на одржување, како и интересно промотивно видео кое што можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаGoogle ја купи SlickLogin, компанија која развива звучна автентикација
Следна статијаBitТorrent Live ќе биде достапен и на мобилните
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.