После подолг период на шпекулации и подоцна потврда од страна на Samsung за месецот и локацијата на настанот, сега ја имаме и официјалната дата кога ќе биде одржат годинешниот летен Galaxy Unpacked настан.

На овој настан се очекуваат повеќе уреди, меѓу кои најголемо внимание привлекува Galaxy Z Fold5, но според најавата на настанот изгледа уште поинтересен може да биде новиот Galaxy Z Flip5.

„Пристигнува нов неизоставен елемент во културата. Бидете дел од авантурата на Samsung и откријте сосема нови Galaxy уреди кои ги користат нашите најнапредни технологии за создавање нови можности и менување животи. Дефинитивно ќе посакате да станете дел од екипата на Flip. Дознајте повеќе со Samsung Electronics, кој е домаќин на првиот Unpacked настан во Сеул, Јужна Кореја на 26 јули. Ова е место каде традиционалната култура се среќава со футуристичките визии кои инспирираат глобални трендови и револуционерни иновации. Настанот ќе се емитува во живо на Samsung.mk, Samsung Newsroom и Samsung YouTube каналот од 13:00 часот. “ – истакнуваат од Samsung.

Претходна статијаПретплатниците на Spotify веќе нема да можат да плаќаат преку системот на Apple
Следна статијаЗагревање за Weekend.16 – Славој Жижек повторно вети дека ќе дојде во Ровињ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.