Стандардно за изминатите неколку години, Samsung одржува еден од нивните Unpacked настани во август, па од компанијата го закажаа годинешниот. Galaxy Unpacked ќе се одржи на 10 август со почеток во 15:00 часот по македонско време.
Настанот повторно ќе биде само онлајн, односно нема да има публика, а ќе може да се следи преку YouTube каналот на Samsung.
На овој Galaxy Unpacked се очекува да бидат претставени неколку уреди, меѓу кои можеби и најинтересниот ќе биде Galaxy Fold4. Четвртата генерација од овој уред се очекува да биде полесна, со помали димензии и помали рамки околу екраните. Исто така, се очекува зголемување на ширината на помалиот екран, нешто што треба да направи многу подобро корисничко искуство во режим на мобилен телефон.
Покрај овој уред, се очекува да биде претставен и Galaxy Flip4, како и Galaxy Watch5, за кого оваа година се очекува дека ќе има и Pro наместо Classic верзија.
Тука се и новите безжични слушалки, па овој настан дефинитивно е еден од поважните на компанијата во текот на годината.
