sg-nina

Следниот Startup Grind го закажавме за 24 март, четврток, 17.30 – 20.30 часот во просториите на Seavus инкубатор.

Имаме супер говорничка, Нина Ангеловска, ко-основач на Grouper, двигател на македонската е-трговија

Нина го започна Grouper во 2011-та, собирајки храброст да ја размрда е-трговијата во време кога помалку од 1% од плаќањето беше онлајн со картички.

Денес по 5 години, Grouper е единствениот сервис за групно купување кој не само што опстана на пазарот, туку стана лидер и синоним за е-трговија во земјата. Секоја година има по 20.000 нови корисници, по 300 нови соработници, и по 4.000 нови зделки, достигнувајќи скоро 400.000 продажби во 2015-та година.

Нина ќе ни открие

  • Како се гради бизнис и бренд од 0 со пари од студентски натпревар?
  • Раст (да не речеме „growth-hacking”): како да освоите 40% од еден пазар? Како и основачот да расте со бизнисот, да почне да делегира и да се откаже од целосна контрола?
  • Како да се справите со агресивна конкуренција и да ја направите нерелевантна?
  • Како се гради култура на бизнис што постојано иновира?
  • Како да вработите продуктивни луѓе кои имаат фит со културата?
  • KPI: што сè се мери и како да носите одлуки базирани на метрики?

Но, тоа не е сè. Агендата вклучува и:

  • специјален дел од програмата наменет за „speed dating”  
  • споделување искуства директно од Силициумската долина и глобалната Startup Grind конференција.

Искрено ветуваме корисен настан и конекции.

Резервирајте си карта по симболична цена од 250 денари.