CD_Shattering_at_170,000FPS!_-_The_Slow_Mo_Guys_-__2015-04-02_04-32-18

Како што и помисливте, се крши. Но, интересниот дел во целата ситуација е кога можете да го видите начинот на кој се крши, односно на кој се создаваат пукнатините во моментот кога се разнесува дискот од преголемата брзина на која се врти.

The Slow Mo Guys стојат позади овој експеримент, опремени со камери што снимаат со огромни брзини (односно со многу слики во секунда) и со електричен мотор што е способен на огромен број на вртежи во минута.

Интересниот аспект во целата работа е формацијата на пукнатините кои се формираат во форма на дрво, и е навистина интересно кога се гледаат како се формираат, нешто што во нормални услови е невозможно да се види бидејќи се’ што ќе видите е само како дискот се распрснува во дел од секунда.

Парчињата од распрснатиот диск летаат со толкава брзина што едно од нив помина низ неколку дискови што стоеа на страна за време на снимањето на видеото, а исто така настрада и белата позадина што била поставена позади.

Извори: Wired, The Slow Mo Guys

Претходна статијаVolvo Life Paint – рефлективна исперлива боја за безбедно велосипедирање
Следна статијаTapBattlz од 3P Development на Mobile First во сабота