Parkes.arp.750pix

При крајот на деведесеттите, поточно од 1998, астрономите од Паркс опсерваторијата во Австралија почнале да забележуваат одреден сигнал чие што потекло не можеле да го откријат.

Се работи за сигнали наречени перитони кои претставуваат варијации во електричното полнење кои што траат во период од милисекунда и потекнуваат од нашата земја. Астрономите поради тоа мислеле дека се работи за сигнали кои што доаѓаат од атмосферата, односно сигнали од молњи на пример.

Сепак, во наредните 17 години тие не успеваат точно да го одредат потеклото на сигналот, па станува еден вид на мистерија за нив. Оваа година мистеријата е решена, а изборот на сигналот е откриен во микробрановата печка што ја користат вработените во опсерваторијата.

До откритието доаѓаат по инсталирање на нов систем оваа година кој што врши мерење на пречките во сигналите. Системот открил дека сигналот се наоѓа во рамките на 2,4GHz, фреквенција на која што работат микробрановите печки.

Дополнително откриле дека сигналот се јавува само кога капакот од печката е отворен пред истата да заврши со работа. Поради тоа и сигналот е забележуван многу ретко, односно само неколку пати во годината.

Поради фактот што астрономите обично работат со опремата од друга локација, веднаш не помислиле дека сигналот може да доаѓа од микробрановата печка. Луѓето кои што ја користеле за греење на јадењето се луѓе кои што работат на одржување на опремата.

Извор: The Guardian, The Verge, Csiro Report (pdf)

Претходна статијаSamsung се враќа на таблет сцената со Galaxy Tab S2
Следна статијаAMD лансираше нови лаптоп процесори, кои конечно се рамо до рамо со Intel?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.