17_wolf_1061_planet_orbits_1_3

Нашата очајна потрага по друг, вонземски живот е опишана низ безбројни филмови и научнофантастични книги. Секогаш поаѓајќи од тоа дека ние сме настанале (најверојатно) по случајност, се прашуваме дали е возможно апсолутно никој друг да не настанал на сличен начин, макар и во рудиментирана форма?

Заради тоа научниците, користејќи ги ограничените средства кои ги имаме, ги анализираат милијардите ѕвездени системи за да пронајдат првенствено планети, а потоа да заклучат дали овие планети се погодни за живот.

Деновиве само што беше најдена најблиската планета која потпаѓа во ваквата категорија на само 14 светлосни години од нас. Се работи за втората планета од системот Wolf 1061 која се наоѓа во зоната погодна за живот која е пресметана земајќи ја земјината биосфера, оддалеченоста на Земјата во однос на сјајноста на Сонцето и други информации кои овозможуваат услови за развивање на жив свет.

Wolf 1061-c се наоѓа на такво погодно растојание. Во тој ѕвезден систем има три планети. Првата и последната се преблиску и предалеку од ѕвездата, но средната е токму погодена. Понатаму, таа има маса колку 4,3 Земји (што значи дека можеби е карпеста) и денот и` трае 17,9 дена. Исто така, планетата може да е фиксирана во ротацијата, па постојано да гледа со истата страна кон ѕвездата.

Иако не би можеле да се најдат дополнителни информации засега, оваа планета е компатибилна со создавање и задржување на вода на нејзината површина, а постоење на вода би можело да значи и постоење на макар рудиментиран жив свет со изглед на бактерии, вируси и слично.

Извор: IFLScience, CNN

Претходна статијаGalaxy Note 5 добива “Winter” едиција со 128 GB простор
Следна статијаАвтономните возила прават сообраќајќи бидејќи се совршени возачи