KSEVT-hotel-3D-sleeping_dezeen_468_9

Дали сте се прашувале како е да се спие во безтежинска состојба? Мора да е интересно и… барем малку нелагодно. Сега веќе нема потреба да се прашувате бидејќи една група на студенти по архитектура создадоа „симулатор“ на „3Д спиење“ налик тоа во вселената, тука на Земјата, и тоа во нетолку далечната Словенија.

Нивниот концепт за 3Д одело за спиење е остварен во Културниот центар за европски вселенски технологии (КЦЕВТ) кој се наоѓа близу малиот град Витање во Словенија, и кој е дизајниран по еден дизајн за вселенски брод од 1920-тите години. Во него постои една справа изградена од кабли и одело кои се прикачени на таванот. Идејата е да го облечете оделото и потоа да ве подигне истото со тоа што ќе искусите како е да се „спие во 3Д“ т.е. спиење во лебдечка состојба, без кревет и перница.

Практично, со помош на каблите можете да се поставите во која позиција и да сакате, а вашите екстремитети и телото ќе ви лебдат на среде собата. Инаку, овој концепт бил изработен од КЦЕВТ кога од нив било побарано да учествуваат во разработувањето на одржлив туризам во Словенија. Тимот на дизајнери од АА Посетувачко школо на Словенија го изработил овој концепт за време на три-неделната работилница при КЦЕВТ.

Посетителите можат да поминат цела вечер спиејќи во оделото за 3Д спиење, а исто така можат да спијат и на перници во облик на пирамиди на подот, опкружени со слики од вселената и од вселенската технологија. Во меѓувреме, можете да го погледнете следново видео во кое канадски астронаут објаснува како е навистина да се спие во безтежинска состојба при Меѓународната вселенска станица „Мир“:

Извор: Fastcodesign, Dezeen

Претходна статијаРусија ќе развива сопствен мобилен оперативен систем за да ја намали зависноста од запад
Следна статијаНаучниците се на пат да најдат генетската врска за склоноста кон станување рано или седење доцна навечер