После неколку успешни летови изминатите години, вклучувајќи го и првиот лет со екипаж во 2021, во кој дел беше и сопственикот Ричард Брансон, Virgin Galactic ја оствари својата главна цел, овозможување на комерцијални летови.

Првиот клиент на компанијата беше италијанската влада, поточно италијанските воздушни сили и Националниот совет за истражување.

Екипажот на летот беше составен од полковникот Волтер Виладеи, поручникот Анџело Ландолфи и Панталеоне Карлучи, дел од Националниот совет за истражувања. Леталото беше управувано од страна на пензионираниот пилот од американските воздушни сили, полковникот Мајкл Масучи и Никола Печиле.

Летот Galactic 01 започна во 16:30 часот во вчерашниот ден, а заврши еден час и 12 минути подоцна. За август е планиран уште еден комерцијален лет, Galactic 02, а од компанијата најавуваат месечни летови после овој лет.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаАЕТМ: Од каде и колку купуваат онлајн странските иматели на платежни картички од македонските е-трговци?
Следна статијаChange Academy – предизвик за стипендија за Front-End програмирање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.