Android Go е посебно прилагодена верзија од Android која е наменета да работи на уредите кои имаат послаби карактеристики, односно да кажам најслаби. Овој систем е прилагоден да може да функционира на телефони кои имаат до 1,5GB RAM меморија или помалку.
Покрај оперативниот систем, Google пушти и доста Go верзии од своите апликации, како на пример Google Go, Gallery Go, YouTube Go, Gmail Go и слични.
Од Google истакнуваат дека во изминатите година и половина, повеќе од 500 производители имаат претставено повеќе од 1.600 уреди кои работат на Android Go во повеќе од 180 земји. Ова покажува дека оваа верзија од оперативниот систем е популарна и се користи од страна на производителите.

Со претставувањето на Android 10, Google ја претстави и наредната верзија од Android Go, односно ја претстави Android 10 (Go Edition).
Од Google истакнуваат дека оваа нова верзија донесува побрза работи на системот, а исто така тој е и побезбеден. Тоа се постигнува преку побрзо менување помеѓу апликациите, а тие исто така се стартуваат до 10% побрзо од претходната верзија на Android Go.
Уште еден важен додаток е вклучувањето на посебно развиениот систем за енкрипција, Adiantum, кој е развиен да може да функционира на послабите уреди на кои работи Android Go. Овој систем овозможува енкрипција на податоците, без притоа да се влијае многу на перформансите на системот.