Cortana, веќе познатиот личен асистент од Microsoft, е достапен само за корисниците на Windows Phone 8.1 Preview for Developers верзијата од оперативниот системи кои што живеат во САД или можат да го наместат нивниот јазик и локација на English US. Меѓутоа со официјалното започнување на надградбата 8.1 за Lumia уредите од овој месец, бројот на корисници на најновата верзија од оперативниот систем ќе се зголеми, а со тоа и можноста да се користи Cortana. Сепак доста од корисниците кои што не живеат во САД, а ја имаат инсталирано верзијата од Windows Phone 8.1 за програмерите не можеа да ја пробаат Cortana поради тоа што телефоните не може да се наместат да работат само на English US јазик, па остана да чекаат личниот асистент да биде достапен за британските корисници.
Достапноста на Cortana за британските корисници беше најавена за овој месец, меѓутоа потоа беше најавено дека датата се пролонгира на неодредено време. Сепак најновите официјални информации од вработени во Microsoft се дека работата за достапноста на Cortana во Британија е при крај, па може да се очекува истата да биде достапна за програмерите во наредните две недели. Ова е добра вест за голем број на луѓе кои што не живеат во САД и кои што конечно ќе можат да ја пробаат конкуренцијата на Siri и Google Now.
Инаку според тестирањата на тие што имаат пристап до Cortana, таа добива доста добри оценки и може многу добро да се носи со веќе искусните конкуренти. Сепак се поставува прашањето дали ваквите делови од оперативниот систем се навистина корисни додека истите не бидат достапни на јазикот на земјата од каде што е корисникот, односно во нашиот случај на македонски јазик.
Дали вие користите или би сакале да користите некои од личните асистенти достапни на платформите ? Дали можеби веќе ја имате пробано Cortana и кои се вашите оценки ?