Shutterstock.com

Покрај програмата за награда на програмерите за откривање на безбедносни пропусти кај нивните апликации и сервиси, Google во 2017 ја започна и програмата за награда за откривање на пропусти кај популарните Play Store апликации. 

Оваа програма со тек на време беше проширена на било која апликација која има одредена популарност, а на програмерите им биле исплаќани до 20.000 долари, зависно од откритието. 

Сега Google најави дека ја прекинува оваа програма, односно веќе нема да им исплаќа на програмерите пари за откривање на пропусти кај апликациите во Play Store. 

Google Play Store Reward Program ќе престане да функционира до крајот на овој месец, односно 31 август, а до тогаш истата ќе продолжи да прима поднесоци и ќе им се исплаќаат наградите на програмерите.

Како причина за оваа одлука се наведува тргањето на потребата од една ваква програма, а поради се пореткото откривање на пропусти, а во голем дел поради големото подобрување на безбедноста на Android како оперативен систем. 

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаГурман најавува роботизиран iPad за на маса кој ќе чини 1000 долари
Следна статијаЗапочнува втората сезона „Растеме во шампиони 2.0“ на НЛБ Банка и „Отворени забавни фудбалски школи Македонија“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.