Почнувајќи од 1 ноември, постарите апликации во Play Store на Android, кои не се ажурирани да ги поддржуваат новините кај најновите верзии од оперативниот систем, веќе нема да бидат прикажувани во продавницата за апликации и со тоа нема да може ни да се инсталираат.
Од Google ќе бараат да апликациите кои се достапни преку Play Store бидат ажурирани со поддршка за последните две верзии од Android, односно да имаат поддршка за последните две години од API алатката.
Со ова ќе се осигура поголема безбедност и приватност на корисниците, а тоа доаѓа од новите функции кои стануваат дел од Android оперативниот систем, а со тоа и промените во API алатката.
Апликациите кои не се ажурирани со најновите функции, ги немаат подобрувањата кои се воведени и со тоа на корисниците не им го овозможуваат најновото корисничко искуство кога е во прашање приватноста, а со тоа и безбедноста.

Од компанијата истакнуваат дека помал број на постари апликации ќе бидат погодени со оваа промена, а програмерите зад овие апликации ќе бидат известени. Сепак, голем дел од овие апликации веќе не се развиваат, па не може да се очекува дека ќе бидат ажурирани.
Корисниците кои ги користат некои од овие апликации ќе можат да продолжат тоа да го прават, а исто така тие нема да бидат скриени за корисниците кои ги имаат инсталирано некогаш. Новото правило се однесува само за корисниците кои никогаш и ја немаат користено некоја од овие апликации.