Play Store на Android ќе добие нова мерка за апликациите, овој пат поврзана со тоа колку таа апликација е „лоша“ за батеријата на уредот. Овие апликации може да бидат посебно означени во продавницата за апликации, односно Play Store ќе ги информира корисниците за можниот ефект на батеријата.
Почнувајќи од 1 март 2026 година, апликациите кои го немаат решено проблемот со трошење на батеријата, односно тие кои го имаат поминато „прагот на лошо однесување“, може да бидат тргнати од препораките за апликации и слично.
Оваа новина е развиена во соработка со Samsung и искуството од огромниот број на корисници кои ги има компанијата.
За една апликација да се смета дека го има поминато прагот на „лош однос“ ќе треба истата да има прекумерно трошење на батеријата во повеќе од 5% од изминатите 28 денови.
Како прекумерно трошење ќе се смета кога апликацијата го има спречено „режимот на спиење“ на уредот повеќе од 2 часа кумулативно во изминатите 24 часа.
Едноставно кажано, доколку апликацијата го има спречено уредот да премине во режим на помала потрошувачка повеќе од два часа во текот на денот, а тоа вкупно се собере на 5% од користењето на апликацијата во месецот, истата ќе биде означена како „проблематична“.
Исклучок ќе има само за апликации кои мора да функционираат на таков начин, како на пример апликација за музика или апликација која корисникот ја користи за пренос на датотеки.
















