Google решија самите да направат Quick Share функцијата на Android да може да функционира со AirDop од Apple, нешто што уште не знаеме дали ќе биде блокирано од страна на Apple.
Како и да е, со тоа од Google им овозможија на нивните Pixel 10 корисници да можат да споделуваат датотеки со нивните iPhone пријатели, кратко кажано.
Овој месец можевме да прочитаме дека оваа можност треба да се очекува и кај останатите Android уреди, па еве сега и нешто што може да се смета како „доказ“ дека работите се движат во тој правец.
Google информира дека Quick Share компатибилноста со AirDrop ја прошируваат и сега им е достапна и на корисниците на Pixel 9 серијата.
Apple сѐ уште во ова не се вклучени, барем не официјално, па останува несигурноста за иднината на оваа функција, односно интероперабилноста.
Инаку, корисниците на поддражните Pixel уреди можат да споделат датотека со нивните iPhone пријатели само кога iPhone корисникот ќе ја смени AirDrop достапноста на „Everyone for 10 minutes“, односно кога ќе ја вклучи за сите корисници, не само за нивните контакти.
Ова е мала маана на тоа што го има направено Google, па сигурно е потребна соработка од страна на Apple за да може Android уредите да се сметаат како официјално компатибилни со AirDrop.
Apple обично дава големо значење на безбедноста и приватноста на своите корисниците, па мали се шансите дека тие би дозволиле ова официјално да функционира, барем на со сите Android телефони.
Google од друга страна има цела објава за тоа како оваа компатибилност тие ја имаат направено со внимавање за безбедноста, односно не се работи за обичен „хак“.









































