Фото: Huawei

Huawei минатата недела го претстави HarmonyOS NEXT, оперативен систем наменет за програмерите со кого ќе започне целосното тргање на зависноста од Android за овој бренд.

Со помош на оваа верзија од HarmonyOS, програмерите ќе можат да почнат да ги развиваат нивните апликации специјално за овој систем, а до крајот на годината истиот веќе нема да поддржува Android апликации.

Како што е познато, Huawei започна со развој на HarmonyOS, на почеток за паметните домашни уреди, како одговор на забраната за користење на апликациите и сервисите од Google. Овој систем сега е направен на основа на отворениот код од Android, но тоа ќе биде променето оваа година.

Од компанијата веќе соработуваат со повеќе од 200 партнери, а до крајот на годината оваа бројка се очекува да порасне до 5.000.

Останува доволно време за повеќето популарни апликации бидат преработени и за овој систем, па корисниците може да очекуваат дека кога нивниот уред ќе ја добие надградбата, нема да им фалат апликации.

Поради забраната за работа со американски производи, Huawei беше спречен да го освои првото место на пазарот на смартфони во светот, но од компанијата продолжуваат да функционираат одлично и без тоа. Тие се еден од најпознатите брендови во Кина, а достапни се до одреден степен и во останатите земји.

ИЗВОРGadgetMatch
ИЗВОР 2Huawei
Претходна статијаМарија Јосифовска-Спасовска од „Макпетрол“ меѓу највлијателните 50 луѓе на Балканот
Следна статијаiOS 18 се очекува да биде најголемата надградба на системот досега
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.