HERE Drive+ е апликација која што овозможува навигација во повеќе од 90 земји во светот. Таа е достапна за корисниците преку продавницата за апликации на Windows Phone, меѓутоа за да ја симнете треба да платите 50 долари, што доколку навистина не ви е потребна, тоа е прилично висока цена. Истата работи на основа на HERE Maps која што е бесплатна за симнување за сите корисници.
Преку нивниот блог, од HERE најавија дека Drive+ апликацијата ќе биде бесплатна за користење за сите корисници кои што ќе го користат Windows Phone 8.1, најновата верзија од овој оперативен систем претставена оваа недела, а ќе биде достапна за корисниците во наредните месеци. Заедно со оваа апликација бесплатна ќе стане и HERE Transit, апликација која што исто така е доста корисна, посебно ако често патувате во странство и користите јавен превоз.
Исто така Windows Phone 8.1 е поддржан од HERE, но ние сакавме да го направиме уште подобар за мобилен стил на живот. Затоа ги прошируваме придобивките од бесплатна гласовна навигација во 97 земји за сите. Без разлика дали имате мобилен од ниската класа како Nokia Lumia 520, Samsung Ativ S или HTC 8X со Windows Phone 8.1, вие ќе ја добиете HERE Drive+ бесплатно, заштедувајќи до 35 евра.
Извор: HERE Three Sixty