Visual Look Up функцијата, која може да препознае што е тоа на сликата од корисникот, со iOS 17 добива мала и корисна надградба. Покрај неколку други нови можности, Visual Look Up сега може да ги препознае иконите кои се вклучени на контролната табла од автомобилот и со тоа да му помогне на корисникот да разбере што не е во ред со неговиот автомобил.

Овие икони обично се вклучуваат кога нешто не е во ред со дел од автомобилот, а обично се доволно јасни самите по себе. Сепак, не сите корисниците се разбираат доволно, а и не сите икони се секогаш баш толку очигледни што значат.

Кога на некоја слика нешто е препознаено, „i“ иконата на долната лента од Photos апликацијата ќе се промени соодветно, а во овој случај во волан од автомобил.

Со притискање на ова копче на горната страна од дополнителните информации може да се види дека се достапни предлози, па со нивното притискање стои кратко објаснување за можното значење на иконата. Со притискање на објаснувањето се отвора веб страна на која има повеќе детали, а корисникот врз основа тоа може и дополнително да пребара.

Функцијата работи добро и доколку повеќе икони се вклучени, па за сите ќе стои посебно објаснување и линк до веб страна.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаВреме е сериозно да зборуваме за сајбер безбедноста
Следна статијаNetflix планира да отвори продавници каде корисниците ќе можат да купуваат, јадат и да се забавуваат
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.