Фото: Shutterstock.com

iOS 17 минатата година донесе можност за ограничување на полнењето на батеријата до максимални 80%, нешто што е достапно од претходно и на Android, а има за цел да го продолжи векот на батеријата. 

Наредната верзија од iOS, која беше претставена минатата недела, а ќе им стане достапна на корисниците во септември, донесува дополнителни можности во овој дел. 

iOS 18 донесува дополнителни ограничувања на полнењето на батеријата, па покрај досегашните 80%, корисниците ќе можат да го постават ограничувањето и на 85%, 90% и 95%. 

Уште поважно, iOS 18 ќе им предложува на корисниците, врз основа на нивниот стил на користење, кое од овие ограничувања е најдобро за нив. 

На овој начин Apple се обидуваат што повеќе да го оптимизираат полнењето на батериите за да се продолжи нивниот век, нешто што се’ уште во денешно време е проблем, а посебно за уредите кои секој ден ги полниме. 

Оваа новина изгледа ќе им биде достапна само на дел од уредите, односно можно е да биде потребен чип кој ќе може да работи со новите Apple Intelligence функции, но останува да видиме дали дефинитивно ќе биде така.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаFirefox доби заштита за пристапот до зачуваните лозинки во прелистувачот
Следна статијаSamsung Galaxy S24 Ultra го надополнува искуството за пренесување и гледање на Олимписките игри во Париз во 2024 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.