
Тешко е да се одбегне „проширувањето“ на достапноста на вештачката интелигенција од страна на Microsoft, па се покажа дека нема бегање од Copilot дури и на уреди и платформи кои не се од оваа компанија.
LG започна со автоматско инсталирање на Copilot апликацијата на нивните понови модели од телевизори, па очекувано реакциите од страна на корисниците не беа баш најдобри.
Апликацијата не само што е инсталирана со ажурирање на системот од телевизорот, значи без одлука од страна на корисникот, истата не може ни да се избрише. Дополнително, системот добива и други функции со вештачка интелигенција, а и за тие имаше критики за влијанието врз приватноста.
Според информациите, од LG поради критиките сега ќе овозможат корисниците да можат да ја избришат Copilot апликацијата доколку сакаат, а функциите со ВИ веќе имаат можност да бидат исклучени.
Ова секако е добра вест, но лошо е што воопшто требаше да дојде до критики пред да се овозможи основен избор, а ваквите ситуации не се баш ретки, посебно изминатите години со генеративната вештачка интелигенција.







































