Една од најкорисните нови функции кои доаѓаат со One UI 7, направен на основа на Android 15, е Live Notifications. Овој вид на известувања прикажуваат апликации кои имаат активно известување, односно не се работи за нешто како добиена порака.
Пример за ваков вид на известувања се апликациите за музика и видео, апликациите како тајмери, а најдобар таков пример се апликациите како Uber или тие за нарачка на храна.
Во One UI 7 ваквите известувања сега се прикажуваат на нов дел наречен Now bar, а оваа функција најлесно може да се објасни со споредба со Dynamic Island на iOS.
Во основа известувањата кои ја користат Live notifications функцијата се прикажуваат во посебен дел, како што е лентата за известувања, на долниот дел од заклучениот екран и слично.
Според информациите, апликациите како YouTube, YouTube Music и Spotify почнуваат да добиваат поддршка за оваа функција на One UI 7. Корисниците сега на едноставен начин ќе можат да ја контролираат содржината која ја пуштаат на друг уред, на пример, па оваа функција сега ќе може навистина да дојде до израз.
Покрај на најновата Galaxy S25 серија, One UI 7 конечно започна да им станува достапен и на корисниците со постарите уреди. Процесот на надградба е започнат, па се очекува да заврши во наредните неколку месеци.