Во најновата бета верзија од Windows 11, поточно Build 22635.3420 од Windows Insider програмата, Microsoft тестира мала промена кај долната лента од системот.

Поточно, копчето за „виџетите“, кое ја прикажува и временската прогноза, ќе биде поставено на десната страна од лентата кога корисниците ќе изберат Старт менито да е на левата страна.

Оваа промена ќе овозможи да копчето продолжи да ги прикажува деталите од временската прогноза, како и други информации кои се прикажуваат од „виџетите“.

Сега кога корисниците ќе изберат Старт копчето да биде на левата страна, наместо во средина како што е стандардно за Windows 11, копчето за „виџети“ се намалува и станува само уште една икона која е поставена на лентата.

Со оваа промена може да се каже и дека корисниците добиваат можност Windows 11 да го направат да наликува повеќе на Windows 10, барем кога е во прашање долната лента.

Ова секако не е некоја голема новина, но секогаш е добро кога на корисниците им се овозможува да ги изберат и малите делови од системот, а нивната промена да им овозможи добро корисничко искуство какво што се добива со стандардните опции.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНовите iPad Pro модели со OLED екран сега се најавуваат за мај
Следна статијаНаучници постигнаа многу поголеми брзини на пренос на податоци преку оптичките кабли
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.