Apple пушти помала надградба за сите свои оперативни системи на 13ти овој месец, а истите во главно донесоа по некоја мала исправка на „багови“ во системот, некои апликации и слично.

Сепак, одложувањето на инсталацијата на најновите верзии не се препорачува, поточно на iPhone и на Mac. Причината за тоа, како што би очекувале, е од безбедносни причини, а Apple има откриено слабост кај нивната WebKit технологија.

Оваа технологија се користи кај Safari на Mac, како и кај сите интернет прелистувачи на iPhone. Според информациите, слабоста веќе била искористена од страна на хакерите, но нема информација кај колкава бројка од корисниците и во какви ситуации.

Како и да е, се работи за мала надградба, која не треба да се одложи или прескокне, па проверете за нови верзии на своите уреди и инсталирајте ја најновата верзија од iOS и macOS.

Најновите верзии ги имаат бројките iOS 16.3.1 и macOS 13.2.1.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНовиот Bing сега може да се користи на мобилните преку Bing и Edge апликациите
Следна статијаSamsung повторно треба да претстави FE модел оваа година кој ќе работи на нешто постар чип поради намалување на цената
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.