Lumia Camera

Не е тајна дека уште од порано Nokia важеа за мобилни со најдобри камери и тоа важи до денес, кога Microsoft го презема бизнисот и со тоа и софтверот и хардверот од камерите на финскиот бренд. Новата Lumia Camera апликација, која е за прв пат лансирана од Microsoft, донесува подобрувања кои ја истакнуваат како веројатно најдобрата апликација за камера кај модерните смартфони.

Сите функции на новата апликација ќе можат да ги искористат корисниците на Lumia 930 и 1520, со Denim апдејтот за оперативниот систем. Некои од функциите ќе бидат достапни и за поевтините модели кои се опремени со процесор со 4 јадра, односно, според тоа што го видовме, само стартувањето на апликацијата нема да е толку брзо.

Всушност, кај моделите со Snapdragon 800 процесор, Microsoft вели дека има најбрза камера од сите смартфони досега, вклучувајќи го тука и iPhone 6. Во брзото лансирање секако помага и специјалното копче за сликање, кое може да ја стартува камерата без отклучување на телефонот. Истото копче, како ретко кој друг паметен телефон, постигнува фокус на половина притискање, што особено им се допаѓа на фотографите.

Но, да се вратиме на можностите на новата Lumia Camera апликација. За прв пат е вграден нов HDR мод, кој Microsoft го нарекува Rich Capture и кој овозможува корисникот да избере колкав ќе биде HDR ефектот, преку лизгач и тоа откако ќе ја слика фотографијата. Rich Capture работи особено добро кога се слика со блиц, бидејќи сега може да се избалансира фотографијата да прикажува нормално осветлен субјект и доволно осветлена позадина, како кај секој подобар фотоапарат и неколку класи подобро од сите други паметни телефони. Во овој мод, камерата слика неколку слики одеднаш, без видливо забавување, неколку со блиц и неколку без блиц (денски, сите ги слика без блиц).

lumiacameragif.0

За прв пат, за корисниците на 930 и 1520 ќе биде достапно и Ultra HD видео снимање, со можност после снимањето да бидат достапни сите фрејмови и тоа во квалитетна фотографија од 8.3 мегапиксели. Во превод, доколку сакате добра слика од вашето маче, само треба да поминете низ фрејмовите од видеото кое сте го снимиле и да изберете една.

Сите овие подобрувања, не само што ја прават Lumia Camera подобра апликација, туку и донесуваат целосно нови можности во смартфон фотографијата, кои не сме ги виделе досега и кои ги прават камерите на Nokia, пардон, Microsoft, повторно најдобрите на смартфон сцената.

Извор: The Verge

Претходна статијаGoogle и Fidelity инвестираа 1 милијарда долари во SpaceX на Елон Маск
Следна статијаGalaxy S6 пристигнува во Март со камера од 20 мегапиксели и 4GB RAM