Од денеска, 7 април, официјално и конечно започнува пуштањето на One UI 7 надградбата за корисниците кои после повеќе години на брзо пуштање, сега повторно чекаа повеќе месеци за да ја добијат верзијата од софтверот направена на основа на најновата верзија на Android. 

One UI 7 е направен на основа на Android 15, верзија од Android која беше официјално пуштена во септември минатата година, а на корисниците на Pixel им беше пуштена во октомври

Пуштањето на Android 15 имаше мало доцнење минатата година, но ни приближно многу за да се оправда доцнењето од страна на производителите на телефони. 

Како и да е, чекањето конечно заврши, па корисниците од денеска можат да очекуваат нивните Galaxy уреди да ја добијат надградбата на One UI 7. 

Први можат да ја очекуваат корисниците на Galaxy S24 серијата, како и корисниците на Galaxy Z Fold6 и Z Flip6. После овие уреди, на ред доаѓаат Galaxy S23 серија, Galaxy Z Fold5 и Flip5, Galaxy Tab S10 и S9 сериите. 

Како и секогаш, тоа што официјалниот почеток на надградбата е денес, не значи дека сите корисници ќе ја добијат денес. Додека вашиот уред дојде на ред реално може да помине и цел месец, ако не и повеќе, но важно е што процесот е започнат, па до летото повеќето корисници очекувам дека ќе бидат на најновиот софтвер. 

Инаку, One UI 7, иако не е драстична надградба, сепак донесува низа на добредојдени нови функции, како што се посебен дел за брзите прилагодувања и известувањата, Now bar кој е сличен со Dynamic Island од Apple, доста подобар дизајн на иконите и анимациите, многу побрза работа на уредот и секако функции со генеративна вештачка интелигенција. 

Претходна статијаThunderbird се подготвува да стане конкуренција на Gmail и Outlook
Следна статијаSamsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.