Фото: Apple Inc., Public domain, via Wikimedia Commons

Apple поради огромната популарност на генеративната вештачка интелигенција го прекрши нивниот досегашен стил да доцнат со воведување на одредени функции и карактеристики кај нивните производи, се додека истите не се доволно добро развиени и напредни. 

Поради тоа Apple Intelligence не само што беше пуштена избрзано и постепено, оценките се дека корисниците и не ги користат баш достапните функции. Главната новина која се чека е подобрување на функционирањето на Siri со подобрување на способноста да ги разбере барањата, можноста да извршува задачи помеѓу апликации, како и можноста за давање одговори врз основа на тоа што корисникот го прави во моментот на неговиот уред. 

Оваа новина се очекува дека ќе дојде со iOS 18.4 во април, а бета верзиите за програмерите треба да станат достапни наводно веќе од оваа недела. 

Сепак, Марк Гурман тврди дека развојот на овие нови функции на Siri не одат баш според планот, па од Apple имаат инженерски проблеми, како и багови во софтверот. Наводно вработените кои веќе ги тестираат новите способности на Siri не сметаат дека тие се доволно добри. 

Поради ова изгледа ќе дојде до одложување на функциите, па наместо во април, тие можно е да бидат пуштени во мај. Ова би било нешто што Apple обично не го прави, посебно што во јуни ја одржуваат нивната WWDC конференција на која ги презентираат новините од наредните верзии на нивните системи. 

Тоа што се смета како доста сигурно е дека новите Siri функции нема да бидат дел од првите бета верзии од iOS 18.4, па во наредните неколку недели ќе видиме дефинитивно што се случува. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПреку-граничната е-трговија – неискористен потенцијал за Македонија и Балканот
Следна статијаMeta влегува во трката за хуманоидни роботи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.