Неофицијално оваа година можевме да прочитаме, додека функцијата беше во тест фаза, дека Samsung планира да воведе режим на телефоните наменет за додека тие се оставени на сервис.
Оваа функција од компанија официјално ја пуштија и најавуваат дека ќе им биде достапна на одредени модели кои работат на One UI 5.
Maintenance Mode е официјалното име на функцијата и во основа го ограничува пристапот до податоците на корисникот, како што се сликите, пораките, контактите и слично. Тоа го прави преку креирање на посебен корисник на телефонот кој нема пристап до ништо од главниот корисник.
Сервисерите со тоа ќе имаат стандарден пристап до телефонот додека го сервисираат, а се што ќе зачуваат или инсталираат ќе биде избришано кога корисникот ќе го исклучи режимот.

Вклучувањето на Maintenance Mode е едноставно и се што треба корисниците е да го активираат преку Settings > Battery and device care, по што телефонот треба да се рестартира.
Од Samsung истакнуваат дека за заштитата на податоците на корисниците тука е и нивната Knox платформа која ги држи во шифрирана форма недостапни за било кого.