Samsung официјално започна со јавно тестирање на наредната верзија од нивниот оперативен систем за мобилните, One UI 6, направен на наредната верзија од Android, односно Android 14.

Тестирањето ќе им биде достапно на корисниците на Galaxy S23 серијата, но како и секогаш, во мал број на земји, САД, Германија и Јужна Кореа.

Од тоа што досега може да се види, се работи за унапредување на ланската верзија, па не можеме да видиме премногу новини, но тоа и не се очекуваше со оглед на промените кои беа достапни досега.

Од Samsung истакнуваат дека One UI 6 донесува подобро корисничко искуство, подобрување кај апликациите од компанијата и подобрено можности за прилагодување на уредите.

Секако, тука се и новините кои се дел од Android 14, кои исто така во најголем дел се во позадината, односно во функционирањето на системот и подобрувањето на перформансите.

Една од главните новини кои ја прикажаа од Samsung, а можевме и неофицијално да ја видиме изминатата недела, е промената на Quick Panel лентата, која е дел од центарот за известувања. Истата е со мали промени во изгледот, а добива и одредена реорганизација. Корисниците полесно и побрзо ќе можат да дојдат до потребните функции кои ги бараат, во овој веќе доста корисен дел.

„Нашата мисија со One UI е да ги рефлектираме уникатните преференции на нашите корисници во секој аспект од нивното мобилно искуство. Секоја верзија на One UI одговара на потребите на нашата корисничка заедница и со нетрпение очекуваме повратни информации од корисниците за One UI 6 додека создаваме побогато, поинтуитивно искуство за сите“. – истакнаа од Samsung.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаMicrosoft ја тргна Cortana апликацијата од Windows 11
Следна статијаSamsung Galaxy Z Flip5, Galaxy Z Fold5, сериите Galaxy Watch6 и Galaxy Tab S9 отсега достапни и во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.