stagefright_v2_breakdown-e1438001259526-1024x266

Компанијата Zimperium Mobile Security врз основа на истражување објави дека имаат откриено безбедносен пропуст во Android оперативниот систем на кој што се подложни 95% од корисниците, односно околу 950 милиони корисници.

Бројката на корисници е голема поради тоа што пропустот е пронајден во скоро сите верзии од Android, односно од верзија 2.2, па до најновата достапна верзија. Најзагрозени од пропустот се корисниците кои што ги користат постарите верзии, односно корисниците на постара верзија од 4.3 Jelly Bean.

Безбедносниот пропуст е пронајден во таканаречениот Stagefright, односно медиа библиотека на податоци која што е задолжена за процесирање на одредени медиа формати.

Според тестирањата на истражувачите од Zimperium, пропустот може да биде искористен и без корисникот да знае, односно да направи било каква активност. Напаѓач може да испрати MMS порака кој што во одредени ситуации не мора ни да биде отворена од страна на корисникот, по што тој ќе добие можност за извршување на код на уредот.

Ова му овозможува на напаѓачот да преземе контрола над телефонот, а со тоа и до податоците на корисникот. Зависно од способноста на напаѓачот, тој може да ја избрише MMS пораката, пред корисникот да ја види, па тој да не биде ни свесен дека нешто се има случено на неговиот телефон.

Google веќе има издадено закрпа за пронајдениот пропуст, меѓутоа поради бројот на различни уреди од различни производители, ќе биде потребно време за таа да биде инсталирана на кај повеќето корисници.

Повеќе детали околу пронајдениот пропуст истражувачите од Zimperium ќе презентираат идниот месец на Black Hat настанот, како и на DEF CON 23.

Извор: Zimperium, The Verge, VB

Претходна статијаMicrosoft ги потврди хардверските побарувања за Windows 10 Mobile
Следна статијаOnePlus 2 претставен со почетна цена од 329 долари
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.