Прикажувањето на сите инсталирани апликации преку Старт менито во Windows 11 моментално не остава впечаток дека баш некој го размислувал многу при развојот на ова мени. Апликациите се подредени по азбучен ред исто како што беше случајот со менито во Windows 10, па некако не одговара со новиот кориснички интерфејс на Windows 11.
Дури сега од Microsoft покажуваат знаци дека ќе направат одредени промени кои се добредојдени. Новата можност е достапна во најновата бета верзија од Windows 11, но и во истата треба посебно да се вклучи, што значи дека новината се’ уште не е официјално достапна.
Старт менито покрај досегашната листа, како и можноста за приказ на апликациите во „мрежа“, ќе добие можност за автоматско групирање на истите според категории.
Категориите ќе бидат направени во форма слична на папките на главниот дел од Старт менито, но поголеми, па од тука доаѓа и споредбата со iOS.
Како изгледа новината можете да погледнете во видеото во продолжение.
Се очекува дека оваа новина ќе биде дел од поголемата надградба на Windows 11 за оваа година, но да почекаме да видиме.