Се работи за неофицијална информација испратена до неколку портали која што не е потврдена и на неа треба да се гледа со одредена доза на скептичност. Како и да е, неофицијалните информации се секогаш интересни, посебно затоа што најчесто се покажуваат како точни, па им даваат на корисниците нешто за очекување.
Microsoft се’ уште нема дадено било какви официјални информации за наредната надградба од нивниот мобилен оперативен систем. Последната верзија моментално е достапна за програмерите, а поголемиот дел од корисниците уште ја користат постарата верзија од оперативниот систем.
Според овие неофицијални информации, GDR 2 надградбата од Windows Phone 8.1 се очекува да биде достапна за програмерите некаде во Октомври, а со неа доаѓаат неколку нови и интересни функции. Новините кои што наводно ќе бидат вклучени со надградбата ги вклучуваат следните:
- Можност за групирање на содржината на Settings делот алфабетски или по некој друг ред
- Проширување на достапноста на Cortana во додатни региони, односно земји
- Додавање на копче за вклучување и исклучување на мобилниот интернет во Action Center
Иако мал додаток, можноста за вклучување на мобилниот интернет е меѓу најбараните додатоци од страна на корисниците. Microsoft од нејасни причини кога го претстави Action Center и можноста за додавање на копчиња за брзо вклучување и исклучување на одредени функции, не ја вклучи и можноста за мобилен интернет.