Паметните часовници имаат голем потенцијал кога е во прашање здравјето на луѓето, иако моментално во главно се користат како фитнес алатки. Apple веќе кај својот Apple Watch има ЕКГ, односно електрокардиограм мерење кое е одобрено од страна на институциите, а сега и Samsung се приклучува кон мерења кои се поврзани со кардиоваскуларниот систем.

Срцевите проблеми и поврзаните со нив, се причина број 1 за смртност во светот, па новите функции кај паметните часовници можат значително да придонесат кон намалувањето на бројката на починати.

Редовното следење на притисокот е нешто што може да покаже за проблеми со срцето и доколку на време биде откриено да направи огромна разлика на последиците што потенцијално би можел да ги има корисникот.

Samsung за првпат успеа да добие дозвола за нивната нова апликација Samsung Health Monitor во Јужна Кореа од страна на Министерството за безбедност на храна и лекови. Со тоа од компанијата ќе можат да почнат да ја користат оваа апликација кај нивните часовници во оваа земја, а дозволите се добиваат посебно во секоја земја, што значи дека ќе помине доста додека стане достапна кај нас.

Оваа апликација ќе биде достапна кај најновиот Galaxy Watch Active2, како и кај новите модели кои ќе бидат претставени во иднина. Функционира на начин што сепак поради поголема точност ќе мора да се калибрира, односно споредат резултатите со обичен мерач на притисок, по што часовникот ќе може да продолжи да мери независно.

За задржување на точноста ќе се препорачува калибрирање на часовникот еднаш на секои месец дена, а кога ќе се земе дека се работи за сериозна работа, тоа сигурно нема да им биде проблем на тие кои ќе им треба оваа функција.

Сепак, целта на оваа апликација не е да се тргне потребата од купување на обични мерачи на притисок, туку да се мери притисокот почесто, нешто што со обичен часовник е многу поудобно и може да се прави многу почесто. На тој начин може да се добие вистинска слика за потенцијалните проблеми.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаА1 Office Box – Супер брз интернет за бизнис корисници
Следна статијаOneDrive ќе ги синхронизира само промените во датотеките
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.