Amazon почнувајќи од 29 јануари идната година ќе почне да прикажува реклами на нивниот Prime Video сервис, без разлика кој пакет се користи. Оваа новина засега не е во повеќето земји од светот, па може да се очекува во Македонија подоцна, но не е познато кога. Во повеќе земји проширување се очекува во 2024, но нашата земја не е ни на таа листа, засега.
Од компанија ги информираа корисниците преку имејл преку кој ја правдаат одлуката со потребата да се продолжи со овозможување на оригинална содржина. Планот е да се прикажуваат помалку реклами од тие кои се прикажуваат на телевизиските канали, но нив сепак ќе ги има.
Корисниците ќе имаат можност да не гледаат воопшто реклами, како што е случајот сега, но тоа ќе ги чини 2,99 долари дополнително на месечната претплата. За активните корисници на сервисот, ова може да е прифатливо, но ќе зависи од бројот и должината на рекламите кои ќе се прикажуваат.
Amazon се последните кои ја менуваат својата политика, а повеќето од конкурентите веќе ги зголемија цените и воведоа реклами на дел од нивните пакети.
Конкуренцијата е доста голема на овој пазар, но сепак тоа не ги заштити корисниците од покачувањето на цените, а за жал квалитетот на содржината е дискутабилен, посебно со влијанието на „woke“ врз филмската индустрија. Доста корисници се одлучуваат да ги откажат своите стриминг претплати.