Фото: Shutterstock.com

Apple има сервис конкурент на Netflix, Prime Video и другите наречен Apple TV+, но информациите изминатиот период кажуваат дека не е баш доволно популарен. Иако повеќето оригинални филмови и серии имаат одлични оценки, Apple нема доволно корисници за да го нарече овој сервис за успешен. 

Корисниците во САД ќе можат дури да го гледаат сервисот преку Amazon Prime Video, а сега е достапна уште една информација која оди во правец на зголемување на достапноста на филмовите и сериите од TV+ за повеќе корисници. 

Според Bloomberg, Apple планира да ги лиценцира своите филмови и серии на други сервиси, како што се телевизиски канали и сервиси за изнајмување. Засега не е јасно дали содржината се планира да стане достапна и преку сервисите како Netflix, нешто што го имаме видено од другите сервиси како HBO. 

Ова може да биде добра вест за корисниците каде не е достапен Apple TV+ сервисот, па корисниците не можат да ги гледаат филмовите и сериите од компанијата. 

Секако, во земјите каде што не е достапен овој сервис доста популарно останува симнувањето на филмови преку „торент“, но останува потребата за поголема достапност сепак.