Фото: Shutterstock.com

По тестирањето прво кај помал број на корисници, Google минатата недела ги прошири мерките за справување со корисниците кои користат додатоци за блокирање на рекламите на нивниот YouTube сервис.

Во основа, корисниците кои ги блокираат рекламите се предупредени дека тоа е спротивно на условите за користење на сервисот и дека корисниците треба или да го избришат својот додаток или да се претплатат на Premium претплатата на која нема реклами.

Корисниците кои не сакаат да го направат ниту едното со тек на време нема да можат да гледаат видеа на сервисот, иако како и секогаш, се очекува ново решение од програмерите на ваквите додатоци.

Според информациите, оваа одлука на Google има одреден ефект, па бројката на корисници кои ги бришат додатоците е зголемена во некои случаеви и за неколку пати.

Интересно е што додатоците за блокирање на рекламите во исто време имаат и зголемување на инсталациите, што укажува на тоа дека корисниците се обидуваат со промена на тој што го користеле, во надеж дека некој од другите ќе може успешно да ги блокира рекламите.

Очекувањата се дека сепак YouTube може да добие одреден процент на нови Premium претплатници, но искуството има покажано дека успешно блокирање на сервисите не е нешто што се случува.

Може да се очекуваат нови начини на блокирање на рекламите кои ќе овозможат бесплатно гледање во иднина.

Сепак, Premium претплатата не е тука само за тргање на рекламите, истата овозможува нешто подобар квалитет кај 1080p видеата, пристап до додатни функции, како и пристап до YouTube Music сервисот.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаBitwarden доби поддршка за креирање и чување на „passkeys“
Следна статијаSamsung Electronics го отвора Samsung АI Форумот 2023 за да ги прикаже клучните достигнувања во AI и компјутерското инженерство
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.