Фото: Shutterstock.com

Како што направи Netflix минатата година, оваа година крај на можноста за споделување на лозинката ќе стави и Disney+. Дека вакво нешто се планира веќе можевме да прочитаме, а сега ги имаме и точните месеци кога истото ќе почне да се применува.

Disney+ веќе нема да може да се користи од корисници кои не живеат заедно, односно кои не се дел од истото домаќинство, почнувајќи од јуни оваа година. За почеток „забраната“ ќе биде пуштена во неколку земји, не се знае кои, а до септември се планира целосно пуштање на промената за сите корисници во сите земји.

Информацијата доаѓа директно од директорот на сервисот, Боб Игер, во интервју за CNBC.

„Споделувањето на лозинките е нешто друго. Во јуни ќе го започнеме нашиот прв вистински обид за споделување лозинка“ – истакна Игер, по што на прашањето од новинарот дали навистина, тој додаде: „ Само неколку земји на неколку пазари, но потоа значително ќе порасне со целосно пуштање во септември.“

Се очекува можност за доплата за одреден број на надворешни корисници, но јасно е дека исто како во случајот со Netflix целта е да корисниците направат сопствени сметки.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаGalaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци
Следна статијаMicrosoft тестира избор на ограничување на RAM кај Edge како нова можност за „гејмерите“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.