По повод Денот за побезбеден интернет 2016, Google им дава на сите корисници дополнителни 2 GB на простор за складирање во нивниот Drive. Се што треба да се направи за да се добие бесплатниот простор е да се направи проверка на безбедноста на Google сметката преку Security Checkup алатката.
До алатката може да се дојде преку прилагодувањата на Google сметката, односно во My Account делот или преку следниот линк.
Оваа алатка е наменета да се проверат одредени прилагодувања на сметката поврзани со нејзината безбедност, како поврзаните уреди со сметката, сервисите поврзани со сметката, лозинките и слично.
По завршувањето на проверката, којашто од Google препорачуваат почесто да се прави, вашиот Google Drive ќе им повеќе простор за складирање, односно 2 GB повеќе. Доколку првпат добивате бесплатен простор, тој треба да изнесува 17 GB.
Ден за побезбеден интернет е иницијатива започната во Европската Унија којашто има за цел да ја зголеми свесноста на луѓето за растечките проблеми поврзани со интернетот, односно онлајн светот.
Извор: Android Central