Фото: Shutterstock.com

Google е во процес на пуштање на можноста корисниците да ја променат имејл адресата која ја користат за нивната Google сметка, со која се поврзани сите сервиси од компанијата. 

Оваа новина е сѐ уште во почетна фаза на пуштање, а истата ја откриваат дечките од 9to5Google, кои истакнуваат дека новата функција „постепено се пушта“. 

Во основа, корисниците сега ја имаат можноста да ја променат имејл адресата која ја користат за нивната Google сметка, но тоа е достапно само за тие кои користат адреси од трети сервиси, на пример со @outlook.com. 

Доколку корисниците решат да ја променат @gmail.com адресата со која е направена нивната сметка, истата ќе остане како дел од сметката во форма на „alias“, односно корисниците ќе продолжат да добиваат пораки испратени на истата. 

Логично, се што е зачувано на сметката, односно податоци, слики, настани, пораки и слично, ќе остане да функционира иста како да не е направена никаква промена.