Google Meet ја доби можноста видео повиците кои се прават преку сервисот да бидат во 1080p, односно Full HD резолуција. Ова секако не треба да се објаснува зошто е добро, а главните конкуренти веќе одамна ја нудат можноста.
Можеби делува чудно што од Google го истакнуваат ова посебно, но треба да се знае дека за да се користи оваа резолуција, камерата на корисникот треба да е барем 1080p, односно системот не прави зголемување на резолуцијата од било која камера.
Можноста за овој квалитет на разговори не е достапна за сите корисници, па корисниците кои го користат Google Meet со приватни сметки, нема да имаат пристап до истата.
Дополнително, оваа можност ќе им биде достапна на дел од корисниците кои плаќаат за сервисите од Google, а исто така ќе може да се користи само за еден на еден повиците, односно не во групните.
Малку е чудно што дури сега од Google ја воведуваат оваа можност, но јасно е дека тие предност имаат дадено на стабилноста на разговорите, нешто што е потешко да се постигне со повисока резолуција која бара побрз интернет и поголем сообраќај, како и повеќе ресурси на самиот компјутер.
Во оваа фаза од пуштањето, 1080p резолуцијата е достапна преку веб и може да се вклучи во прилагодувањата, како и пред самиот разговор.