GP

Повеќе пати имаме нагласено дека препорачана пракса е да имате вклучено додатна заштита на вашите важни сметки преку активирање на дво-факторска автентикација. Денеска повеќето онлајн сервиси нудат ваква можност, па останува само на корисниците да ја користат.

За потсетување, дво-факторската автентикација, како што кажува и самото име, користи две нивоа на заштита. Стандардната лозинка, но и дополнителен начин на идентификација на корисникот преку код кој може да се добие преку апликација или SMS порака, но и посебни „клучеви“ во форма на USB и слично.

Google од оваа недела додава уште еден начин кој може да се користи со дво-факторската автентикација. Овој начин е значително побрз и најмногу ќе им користи на корисниците на мобилните уреди.

Се работи за најавување на Google сметките и апликациите преку добивање на известување на кое се притиска за одобрување или одбивање најавувањето. Тоа значи дека корисниците нема да треба да ја отвораат својата Authenticator апликација, да го ископираат или запаметат кодот и истиот да го внесат.

Овој начин на најавување на Google сметките ќе биде достапно на Android, се разбира, но и на iOS уредите, но корисниците ќе мора да ја имаат инсталирано Google Search апликацијата за да функционира.

Исто така, можноста е достапна за деловните сметки, како и за приватните, што значи дека сите корисниците ќе може да ги добијат предностите на овој нов начин на најавување.

GP2

За користење на овој начин на одреден мобилен, корисниците ќе треба да го додадат во прилагодувањата за дво-факторска автентикација на нивната Google сметка.

Извор: Google, The Verge, AndroidCentral

Претходна статијаChrome OS почна да ја добива поддршката за Android апликации – ќе го направи оперативниот систем многу покорисен
Следна статијаГравитационите бранови повторно забележани од LIGO
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.