Фото: Shutterstock.com

Google оваа година дефинитивно не сака веќе корисниците да можат да ги блокираат рекламите кои ги прикажуваат на нивниот YouTube сервис. По неколкуте промени во начинот на прикажување на рекламите, од компанијата прво почнаа да тестираат, па и официјално почнаа да користат одредени мерки против корисниците кои користат додатоци за блокирање на рекламите.

Кога ќе отворат некое видео, корисниците со „блокирач на реклами“, ќе добијат известување дека тоа е против условите за користење на сервисот, па ќе им биде препорачано да го исклучат додатокот или да ја пробаат Premium претплатата.

После ова програмерите кои стојат зад некои од овие додатоци пријавија дека имаат зголемен број на избришани додатоци, а тоа е очекувано.

Сега корисниците почнаа да пријавуваат и други начини на кои Google се обидува да ги демотивира во користењето на додатоците, па при отворањето на некое видео, истото му требаат 5 секунди додека страната воопшто се отвори.

Иако ова не секогаш се случува, потврдено е постоењето на код на YouTube страната кој може да предизвика нешто вакво.

Од Google потврдија дека тие прават нешто вакво, иако не толку директно и прецизно. Тие тоа што го прават го објаснуваат на овој начин:

„За да поддржиме разновиден екосистем на креатори на глобално ниво и да дозволиме милијарди луѓе да пристапат до нивните омилени содржини на YouTube, започнавме обид да ги поттикнеме гледачите со овозможени блокатори на реклами да дозволат реклами на YouTube или да го пробаат YouTube Premium за искуство без реклами. Корисниците кои имаат инсталирани блокатори на реклами може да добијат неоптимално гледање, без оглед на прелистувачот што го користат“.

Очигледно е дека Google се решени нивните реклами да допрат до сите нивни корисници, а тие кои не сакаат да гледаат реклами, да се претплатат на YouTube Premium.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаУчениците од Демир Капија ќе се едуцираат за врсничкото насилство со поддршка од „Макпетрол“
Следна статијаНовогодишната кампања на Телеком нè поттикнува вистински да се поврземе
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.