Неколку корисници изминатиот период излегоа на друштвените мрежи со слики од нивната YouTube апликација како го има означено 4K квалитетот за гледање на видеата како Premium функција.
Ова значи дека од компанијата планираат највисоката резолуција на YouTube да ја направат достапна само за нивните YouTube Premium корисници и веќе да не е бесплатна, односно достапна за сите.
Со оглед на тоа дека засега информацијата доаѓа само од корисниците на кои им се има појавено оваа промена, не е познато дали Google веќе се имаат решено или останува да видиме.

Треба да се додаде дека сепак засега ова изгледа како тест, па доколку се земат во предвид реакциите на корисниците, Google не би требало да се одлучат да ја официјализираат оваа промена.
Доколку сепак вакво нешто се направи, корисниците не би требало да бидат до толку погодени, односно не секој може да ја забележи разликата помеѓу Full HD, 2K и 4K, па квалитетот на видеата нема нешто посебно многу да биде погоден.
Можеби главната разлика би се забележала кај корисниците кои гледаат YouTube често преку нивниот телевизор, како и корисниците со добар монитор.