Во услови на пандемија и многу повеќе седење дома, еден од многуте бизниси кои трпат големи штети е јавниот превоз. Патниците се многу поретки, а истите во главно се тука само за одење на работа, но не и за стандардните друштвени активности кои или ги нема или се сведени на минимално ниво, зависно од земјата.

Uber потврди за CNN како планира да ја врати довербата кај своите патници во време кога мерките полека почнуваат да се намалуваат, па се очекува и одредено зголемување на бројот на патници.

Очекувано, Uber од своите возачи ќе бара да носат маска на лицето или било каква друга прекривка, а истото ќе биде потребно и за патниците.

Тоа што е интересно е дека од компанијата планираат да воведат одредена технологија која ќе ја прави проверката за тоа дали ова правило се почитува или не. Тие веќе имаат систем кој бара од возачите да пратат селфи од себе за да го потврдат својот идентитет, па се очекува дека овој систем може да се користи и за новите потреби.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2CNN
Претходна статијаНова, бесплатна и иновативна СКМ ВИРТУЕЛНА ТРКА – Трка за забава
Следна статијаА1 Македонија ја претставува првата виртуелна продавница
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.