Фото: Shutterstock.com

Пред две години Netflix ја тргна една од најпознатите карактеристични можности по кои беше познат сервисот, а тоа е споделувањето на лозинката помеѓу неколку корисници. Ова стана проблем за компанијата поради тоа што голем број на корисници не се претплатници, односно пријателите делат една претплата, наместо сите да имаат посебна. 

Компанијата која еднаш се фалеше со можноста да се сподели лозинката, го започна трендот на растурање на оваа практика, а по Netflix примерот го следеше и Disney+ кои од минатата година исто така започнаа со кратење на оваа можност. 

Во основа, стриминг компаниите почнаа да дозволуваат користење на различните профили само од страна на членовите на едно домаќинство, па тие што не се дел мораат да креираат своја сметка и посебно да ја плаќаат. 

Изгледа на ова ќе се приклучат и од Max, кои сега воведоа можност за додавање на дополнителен член, нагласувајќи дека сервисот е замислен да биде споделуван помеѓу членовите од едно семејство. 

Засега оваа новина изгледа е само во САД, но како и во случајот со другите сервиси тоа сигурно ќе значи проширување во остатокот од светот во месеците што следат или во најдобар случај идната година. 

Овие одлуки на компаниите прават да веќе не се исплати корисниците да ги имаат повеќето вакви сервиси, па сигурен сум дека со тек на време тие ќе почнат да бираат по еден или два. 

Добро е што барем овој сервис, Max, може да се користи преку операторите, односно преку претплата за HBO каналите, но преку нив не се добива пакетот со 4K квалитет на сликата.  

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft Copilot не успева да го привлече вниманието на корисниците
Следна статијаTSMC го претстави нивниот 1.4nm производствен процес за чипови кој ќе почне да се користи од 2028 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.