NASA веќе го најави својот нов сервис изминатото лето, а сега и официјално ја најави датата кога ќе им стане достапен на сите корисници. NASA+ ќе биде достапен без претплата и нема да има реклами, а ќе им биде достапен на сите корисници во светот.

„Лансираме повеќе од ракети. Овој месец, го лансираме нашиот нов стриминг сервис, NASA+. Без претплата. Без реклами. Без трошоци. Погоден за семејствата. Емисии во живо со Еми награди. Оригинални серии. На повеќето поголеми платформи“.

Вака гласи најавата за сервисот од X профилот на NASA, а потврдата за достапноста во целиот свет доаѓа во коментарите како одговор на прашање од корисник.

Според првичните најави, NASA+ ќе може да се гледа преку апликацијата на NASA на Android и iOS, а покрај преку веб, треба да биде достапен и преку платформите како Apple TV, но ќе почекаме да видиме дали и преку Android TV, Sony, Samsung, LG и другите.

Страната од сервисот е https://www.nasa.gov/plus/ , па преку истата ќе можат да се видат сите потребни информации.

На сервисот се очекува дека ќе има емисии поврзани со работата на вселенската агенција, но и поврзани работи, а сепак ќе мора да почекаме до 8 ноември и официјалното пуштање на сервисот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаБронзен медал за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Марибор, Словенија
Следна статијаxAI на Елон Маск го претстави својот конкурент на ChatGPT и Bard
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.