Во уште една новина која ќе ја воведе Netflix, се освен откуп на доби сценарија за филмови и серии, може да се види обид да се задржи популарноста на сервисот кој сепак има проблем со тоа. За разлика до пред неколку години, на пазарот сега има повеќе конкуренти, а доста од нив работата си ја вршат подобро.

Како и да е, Netflix најави годинава дека планираат да имаат „стриминзи“ во живо, а сега го имаме и првиот „стрим“ кој може да се очекува да биде пуштен на почетокот од идната година.

Честа да го отвори овој нов правец на Netflix ќа ја има познатиот актер и комедијант, сценарист и режисер, Крис Рок. Тој веќе има неколку „comedy specials“, како што ги нарекуваат од сервисот, па најновиот ќе биде пуштен во живо во целиот свет.

На кој начин ќе функционира овој дел од Netflix ќе дознаеме на време пред да биде пуштен најновиот „стендап“ на Крис Рок.

Кај нас не се достапни, но конкурентите на Netflix во САД веќе имаат стримови во живо, како на пример NFL преку Amazon Prime Video и Friday Night Baseball на Apple TV+, a Disney+ најавуваат стриминг во живо на Оскарите идната година, како и на емиссијата Танц со Ѕвездите.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMeta го откажува развојот на Portal уредите и паметните часовници по отпуштањето на 11.000 вработени
Следна статијаGoogle тестира Material You функција во Chrome
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.