Листата на започнати филмови и серии, односно Continue Watching листата на Netflix знае да биде долга и дополнително да додава на проблемот, што сега да гледам. Можноста да се измени оваа листа, односно да се тргне одреден содржина, без таа да биде целосно изгледана, е нешто што доста би помогнало во нејзиното средување.

Преку мобилните веќе одреден период може да се тргне содржина од оваа листа, а сега од Netflix оваа можност ја пуштаат за сите уреди на кои е достапна нивната апликација, вклучувајќи и преку веб.

Корисниците сега се што ќе треба да направат е да отидат на содржината која би сакале да ја тргнат и заедно со можностите како започнување на гледање, епизоди и слично, сега има нов дел „Remove from Continue Watching“.

„Без разлика дали бришете нов избор кој баш не го чувствувате или стар омилен кој го имате гледано повеќе пати, ова ново копче ви овозможува да константно ја одржувате вашата Continue Watching листа свежа и полна со серии и филмови кои едвај чекате да ги гледате.“ – истакнаа од Netflix.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаMicrosoft пушти бесплатна верзија од Lists со ограничени функции
Следна статијаFacebook се очекува да изгуби 10 милијарди долари оваа година поради мерките за приватност на Apple
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.