Телевизиската мрежа Paramount официјално донесе одлука да не ја продолжи серијата Star Trek: Starfleet Academy за трета сезона. Иако проектот првично беше најавен како големо освежување на франшизата кое ќе се фокусира на новата генерација кадети, серијата не успеа да ја задржи публиката и бележеше континуиран пад на гледаноста уште од почетокот на емитувањето.
Според информациите објавени од Variety, одлуката за прекинување на продукцијата доаѓа како директна последица на слабите резултати и неможноста да се оправдаат високите трошоци за производство.
Серијата ќе има втора сезона, но истата е планирана да се снима уште пред да биде пуштена првата, а веќе е снимена.
Анализите на гледаноста покажуваат дека главната причина за неуспехот на серијата е незадоволството кај традиционалната база на фанови и генералната публика. Критиките најчесто се насочени кон претераниот степен на „wokenes“ и очигледната тенденција на креаторите да им дадат приоритет на современите социјални пораки пред самата наратива.
Наместо да се фокусира на истражување на вселената, научната фантастика и сложените филозофски дилеми кои се препознатлив белег на Star Trek универзумот уште од неговото создавање, Starfleet Academy премногу се потпираше на отворено наметнување на модерни политички теми.
Овој пристап директно резултираше со отуѓување на гледачите. Публиката континуирано реагираше негативно на сценаријата кои често делуваа како платформа за промовирање на одредени идеолошки ставови, реализирани на сметка на развојот на ликовите и квалитетот на приказната.
Иако франшизата историски отсекогаш била позната по својата прогресивност и инклузивност, реакцијата на јавноста укажува дека во Starfleet Academy тоа беше изведено на агресивен и неприроден начин. Гледачите едноставно го изгубија интересот за серија во која дејството е во втор план.
Откажувањето на Starfleet Academy претставува јасен сигнал за креативниот тим на Paramount дека насоката за идните проекти од оваа франшиза мора да се ревидира.







































