Фото: Shutterstock.com

Секоја година излегуваат гласини дека Spotify конечно ќе им овозможи на своите корисници повисок квалитет на слушање на содржината. Иако квалитетот кој сега е достапен не може да се нарече лош, сепак за вистинските аудиофили HiFi квалитетот, односно некои од „lossless“ форматите, овозможуваат вистинско уживање во музиката.

Дел од конкурентите, како Apple Music, им овозможуваат на корисниците „lossless“ квалитет, а од оваа компанија тоа го овозможуваат и без дополнителна претплата, односно во стандардниот пакет. 

Сега Bloomberg повторно најавуваат дека Spotify се надеваат дека ќе можат да го пуштат подобриот квалитет оваа година. Како што веќе можевме да прочитаме, новата функција би била достапна како додаток наречен „Music Pro“ и нема да биде посебен пакет. 

Music Pro според најновите информации би требало да чини околу 6 долари месечно, а ова би било како додаток на веќе постојната Spotify Premium претплата. 

Исто како што е случајот со Premium претплатата, Music Pro додатокот можно е да чини помалку во одредени земји, како во нашата.

Покрај повисокиот квалитет на музиката, Music Pro се најавува дека ќе има уште неколку придобивки за корисниците, како што е правење на листи преку вештачка интелигенција, можност за купување на карти за концерти и слично. 

Spotify е еден од најпознатите музички сервиси во светот, а слободно може да се каже дека е и дефиниција за овој вид на сервиси. Доста корисници ги користат конкурентните сервиси само поради квалитетот на звукот, па се очекува дека Spotify со Music Pro додатокот ќе привлече уште повеќе корисници. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаInstagram тестира „dislike“ копче за коментарите на мрежата
Следна статија(Видео) Џон Просер: „Еве го iPhone Air“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.